Секој сам е дизајнер на светлината околу себе. Ако ви се чини дека ова е некаква философска мисла, не сте во право. Констатацијата е со сосема буквална смисла и припаѓа на дизајнерите од Gang Design.
Идејата на полските ентериерни волшебници е сосема едноставна – два прстени од празни епруветки околу обична сијалица. Но како и секоја едноставна работа, со малку креативност и фантазија, се добива чиста убавина.
Оваа прекрасна декорација можете и вие да ја имате – украсете со полско цвеќе, вода во боја, песок или дури и празни епруветки кои се полнат само со светлина.