Принц Вилијам ќе ја разгали малку повеќе оваа година својата бремена сопруга по повод нејзиниот 31-ви роденден на 9 јануари подарувајќи и луксузна куќа во која сметаат да живеат откако ќе се роди бебето.
Куќата чини 5 милиони фунти или нешто над 6 милиони евра и се наоѓа некаде помеѓу Хемпшир и Бакингамшир, споделува британското издание на списанието Мари Клер.
Тие не сакаат да се премногу блиску до Лондон, бидејќи секако имаат дел од Бакингамскиот дворец, се вели во списанието.
За својот последен роденден Кејт доби од својот сакан кученце. Но најголемиот подарок за кралското семејство без сомнение ќе биде нивното прво дете.