Дестинации

Taj Palace – Луксузен хотел во Маракеш

Маракеш може да асоцира на голтачи на оган, шармери на змии, тесни лавиринтски улички и зачинета храна, меѓутоа одмор во Taj Palace во Маракеш ќе ве одведе во еден модерен град, кој е далеку од својата поранешна инкарнација на пустинско место за одмор на патувачките каравани.

Со 161 гостинска соба, вклучувајќи 25 апартмани и еден Кралски Апартман, величенствениот хотел ќе ви понуди ненадминат луксуз и панорамски поглед на Планината Атлас и на градините со палми на бујната област Палмераие.

Американскиот уметник, дизајнер и прочуен “ориенталист”, Стјуарт Чрч го надгледуваше ентериерот и архитектурата со особено внимание до детали. Собите црпат различна инспирација од благородните Мароканци, раскошот на Отоманската архитектура, богатството на Индиската грандиозност и егзотичните Тајландски традиции.

Луксузниот хотел во Маракеш го сочинуваат неколку елегантно дизајнирани ресторани и барови кои служат разни типови на храна, почнувајќи од  Марокански специјалитети па се до најдобрите вкусови од Медитеранот и Азија. Лукзусниот хотел нуди и современ Спа центар, со палета на третмани, вклучувајќи и Ајурведа. Тоа вклучува 14 соби за масажи, два големи амами и фитнес центар со “Тechnogym” опрема.

Луксузниот хотел е на само 30 минути возење од Маракеш Менара Интернационалниот Аеродром.

Luxury-Hotel-In-Marrakech-17

Luxury-Hotel-In-Marrakech-16-910x910

12

11

10

9

8

7

6

5

4

3

2

1

Write A Comment