Дестинации

Тајландски рај – Краби

Краби е град сместен на западниот брег од јужниот дел на Тајланд, во заливот Фангнга.

Се наоѓа во провинцијата Краби, и е нејзин административен центар. Во Краби живеат околу 25 000 жители. Тој е индустриски и туристички центар на Тајланд.

Со оглед на тоа дека гледа на Андаманското Море, Краби се наоѓа под влијание на шестмесечна дождовна сезона помеѓу мај и ноември. Просечните температури се многу високи, и се движат од 29-32 целзиусови степени.

Во близина на Краби се наоѓаат околу 200 острови, а на многу од нив може да се пристапи само од море. Некои од нив се целосно ненаселени, а се карактеристични по плажите со бел песок, корални гребени и пештери. Посетата на овие острови и престојот на нив е вистинско уживање.

Градот Краби нуди многу атракции. Сочинет е од интересна архитектура, весели и зафатени луѓе, многу странци и многу повеќе. Ова е најдобро место за шопинг, но и за ноќен живот. Градот е исполнет со барови и клубови за загарантирана забава. Иако Пукет нуди далеку побогат ноќен живот, за оние на кои не им е до патување во друг град, Краби ќе биде сосема доволно.

Краби е место за уживање и забава. Околината на Краби е богата со атракции кои секоја година привлекуваат голем број на луѓе од целиот свет. Прекрасни плажи, егзотични острови, весели луѓе, највкусна храна… Постои ли нешто подобро за совршено патување?

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

TAJLANDSKI RAJ - KRABI

Write A Comment