Додека познатиот актер со децата и вереницата Анџелина Џоли(38) Божиќ го поминува во Австралија, Радар Онлајн ја објави приказната за љубовните писма на Бред Пит (50) кои се испратени на поранешната девојка Џил Шолен (50).
– Те обожавам. Секогаш ќе те сакам. Не можам да престанам да мислам на тебе. Јас не сум комплетен кога ти не си покрај мене – се само некои од деловите на писмото.
Глумецот бил во врска го глумицата Џил кон крајот на 80-тите години. Во една прилика и самата таа изјавила дека Бред и ја напишал најубавата песна која еден маж некогаш и ја посветил на една жена.
– Тоа беше многу романтично – заклучила таа, а врската со него ја опишала како прекрасно животно искуство.
‘Сеуште не сум го преболел тоа чувство на понижување’
Џил, која е позната по улогите во хорор филмовите, му го скршила срцето на Бред откако во 1989. година го оставила за друг маж.
– Тоа беше еден од најлошите периоди во мојот живот. Никогаш не се заборава такво нешто, мислам дека сеуште не сум го преболел тоа чувство на понижување – признал актерот за кого се смета дека бил верен со Џил три месеци пред да ја прекинат врската. Но, членовите на семејството на Бред тврдат дека тоа не е вистина.
Џил зад себе има два брака. Со композиторот Ентони Маринели и џез басистот Дејв Карпентер.
На Анџелина и е тешко да свати дека Бред сакал некого повеќе од неа
Анџелина е запознаена со приказната за поранешната девојка на Бред, а кога пред неколку години открила колку Бред ја сакал Џил, била многу љубоморна. Актерката никако не можела да свати дека постои некој кој Бред го сакал повеќе од неа и и требало многу време да се помири со тоа.
