Потребни состојки:
За кора
1 чаша мелени бисквити
¾ шолја мелени лешници
3 лажици какао
4 лажици шеќер во прав
5 лажици растопен путер
За крем
1 и ¼ шолја слатка павлака
250 гр чоколадо
2 јајца
1лажичка екстракт од ванила
Малку сол
За глазура
2 лажици слатка павлака
55 гр чоколадо
1 лажица мед
1 лажица топла вода
За декорација
100 мл шлаг од слатка павлака со малку рум
Начин на подготовка:
1. Кора:
Прво измешајте мелени лешници, бисквити, шеќер и какао и потоа целата смеса соединете ја со путерот.
Добиената смеса натиснете ја во округол калап за печење.
Печете 15 минути во загреана рерна на 170°C.
2. Крема:
Исецкајте го чоколадото. Слатката павлака се загрева до вриење и се додава чоколадото. Причекајте 5 минути и добро промешајте. Додадете ги јајцата, екстракт од ванила и малку сол и повторно промешајте. Истурете ја смесата врз кората и вратете во рерна за уште 20-25 минути. Оладете пред ставање на глазура.
3. Глазура:
Исецкајте го чоколадото на ситни парчиња. Слатката павлака загрејте ја до вриење и додадете го чоколадото. Почекајте 5 минути. Промешајте да се соедини смесата и додадете мед и топла вода. Добро измешајте и прелијте преку тартот.
Послужување
Додадете шлаг по вкус и служете на собна температура.
