Sweet Home

Темен, но стилски дом во Торонто

Денеска решивме да ви представиме еден модерен и исклучително стилски дом во Торонто, Канда, кој најмногу не импресионираше со своите чисти линии и класични бои.

Дело на архитектите од  архитектонското студио “Cecconi Simone” , овој дом може на прв поглед да ви се стори “тежок” , но бидете сигурни дека е многу размислувано за секој аспект од внатрешното решение.

Во овој дом со површина од 662 метри квадратни, се одделуваат главно три зони – кујна, дневна и соба за спиење. Тој ги комбинира во себе едноставните, чисти линии и истовремено совршениот ентериер дизајниран во бела, црна и темно кафена боја.

Исто така, не можеме, а да не забележиме како телевизорите (во кујната и дневната соба) се вградени стилски во декоративни лизгачки зидови.

Дискретната светлина во кујната и ходникот придонесуваат за таинствена атмосвера.

 

Напиши коментар