Мода

Темно сина: Хит бојата за 2013

Од пролетните пастели преку летниот тиркиз па се до кралската сина, ова е бојата што ја освои модната сцена и која секогаш е во тренд. За периодот кога сивите облаци ќе го заменат Сонцето, темните сини нијанси се апсолутен хит кои воедно се закануваат да ја превземат популарноста на неприкосновената црна боја.

Темните сини нијанси преовладуваат во колекциите на Викторија Бекам, Мајкл Корс, модната куќа Шанел и Барбери како и раскошните вечерни фустани на Ели Саб. Секој од нив поставил свој печат оставајќи ви доволно простор за есенски комбинации со оваа боја.

Напиши коментар