ШоуБиз

Том Круз: Конечно прозборе за разводот

–          Животот е предизвик. Имате 50 години и мислите дека се е на своето место, а тогаш одеднаш нешто ќе ве погоди, но тоа е така – изјавил Том Круз, кој за една германаска телевизија прв пат прозборел за разводот од Кејт Холмс(34).

По пет години брак тие се разведоа минатата година во јули и тоа само пет дена пред 50-от роденден на глумецот.

–          Не го очекував тоа – открил Том и додал дека по прославувањето на роденденот си дал себе си време добро да размисли

за се.

Ниту Том, ниту Кејт никогаш не ги открија вистинските причини за разводот, но се пишуваше дека глумицата повеќе не можела да ја поднесе контролата која над Том ја имале саентолозите, чиј приврзаник е Том. Тие имаат ќеркичка Сури (6).

–          Животот е трагикомедија. Трба да имате смисол за хумор кога станува збор за такви работи – заклучил Круз во интервјуто.

 

Напиши коментар