Ова се тортиљи кои лесно се подготвуваат и исто толку лесно се јадат
Потребни состојки:
– 4 тортиљи
– 200 гр младо сирење
– 100 гр кашкавал
– 50 гр димен кашкавал
– млад кормид
– бибер и сол
Подготовка:
Посолете го младото сирење, а потоа додајте го исецканиот млад кромид. Одозгора ставете го ренданиот кашкавал и димениот кашкавал исечен на коцки. Завиткајте ги во ролни и ставете ги во рерна или микробранова да се растопи кашкавалот.