Со таков наслов излезе последниот број на американскиот таблоид ОК!
Материјалот е придружен со слика на актерката, потпрена со главата на рамото на својот сопруг Бред Пит. Во материјалот се вели дека по претрпената операција состојбата на Анџелина се влошила и лекарите стравуваат за нејзиниот живот. Исто така се вели дека Брд Пит напуштил се и се вратил кај својата сопрга.

Во мај актерката беше изложена на двојна мастектомија, за да се намали веројатноста за рак.
Од септември Анџелина почна да ги избегнува камерите. Според податоците на ОК! Таа е подложена на сложени медицински процедури.


На 27 мај од рак на дојка почина 60-годишната тетка на Џоли – Деби Мартин. Мајката на актерката Марша Бертран пак почина во 2007 година, на 56 – годишна возраст, по 7 – годишно лекување од рак на дојка.

