Есента и службено започна, што значи дека сега повторно имате можност да го осмислите својот стајлинг што се одннесува на модата, шминката и фризурата. И кога станува збор за вашата фризура, за почеток инспирацијата ќе ја побараме на светските модни писти и моделите на најпознатите светски дизајнери.
Без оглед на тоа дали преферирате едноставни фризури, или пак повеќе ве привлекуваат комплексните, есенски фризури, модните ревии се најдобар извор за инспирација.















