Убавина

Третман за лице со зелен чај

За својствата на зелениот чај постојат митови и легенди. Тој е прекрасно средство за слабеење и прочистување на организмот, а на кожата делува подмладувачки и антибактериски. Благодарение на високата количина на антиоксиданси, кои се содржани во него, тој не штити од штетното дејство на слободните радикали.

Воопшто, зелениот чај е еден од “волшебните” средства за здравје и убавина, кои ни ги подарила природата.

Затоа решивме да ви представиме една парна маска со корисни состојки. Таа е исклучително добра за мрсна кожа. Доколку кожата ви е силно воспалена, не се препорачува да ја користите. Од топлата пареа проблемот може да се продлабочи.

Па, еве ја и маската…

Неопходни состојки:

4 чаши дестилирана вода

1 лажица сушен зелен чај

1 лажица равнец

1 супена лажица рузмарин

1 супена лажица копар

Како да ја направите процедурата?

Сварете 4 чаши дестилирана вода во тенџере. Потоа одстранете го тенџерето од огнот и додадете по една лажица сушен зелен чај, равнец, рузмарин и копар.

Ставете го капакот и варете ги билките 10 минути.

Потоа наведнете се над тенџерето и покријте ја главата со крпа. Внимавајте, пареата да не излегува надвор од контурите на лицето. Важно е кожата да е добро исчистена однапред. Затворете ги очите и релаксирајте се. Дишете длабоко 10 минути.

На крајот нанесете го вашиот омилен крем.

Напиши коментар