Плетенката е една од најстарите фризури која може да се направи во многу варјанти. Како што се менуваат трендовите, така и овој начин на обликување на косата добива нови и интересни форми.
Доколку и вие сакате да ја испробате оваа фризура за ден и ноќ, ви ги прикажуваме упатствата како да направите три најпопулани варјанти на плетенки:
КЛАСИЧНА ПЛЕТЕНКА
– Косата поделете ја на три дела – на прамени А, Б, и В.
– Праменот А префрлете го преку праменот Б
– Праменот В префрлете го преку праменот А
– Праменот Б префрлете го преку праменот В
– Повторувајте ја постапката се додека не добиете плетенка, а крајот заврзете го со стегач.
ОБРАТНА ПЛЕТЕНКА
– Заврзете ја косата во коњска опашка.
– Опашката поделете ја на два дела.
– Од левата половина на костата одвоете тенок прамен и префрлете го на десната половина на косата.
– Од десната половина на костата одвоете тенок прамен, префрлете го на левата половина.
– Повторувајте ја постапката додека да ја исплетете плетенката и на крајот исечете го стегачот од коњската опашка.
СПИРАЛНА ПЛЕТЕНКА
– Косата поделете ја на два дела.
– Двата дела од косата силно спирално свиткајте ги додека праменот не стане равен и тврд.
– Со вкрстување виткајте прамен врз прамен се додека не ја исплетете плетенката до крај.