Art & Crafts

Трикови против непријатен мирис на пот

Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш може да ни предивика проблеми и да не доведе во непријатна ситуација. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ги спречуваат непријатните мириси понекогаш тоа не е доволно.

Редовната дневна хигиена која вклучува туширање и нанесување на дезодоранс е најдобар начин за спречување на непријатниот мирис, но потребно е да се посвети внимание и на некои секојдневни навики. Доколку и покрај хигиенската рутина не можете да го избегнете непријатниот мирис од пот применете некој од овие совети:

–          Редовно одстранувајте ги влакненцата под пазувите на кои се собираат дополнителни бактерии.

–          Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна.

–          Избегнуввајте алкохол и намирници кои влијаат на мирисот на пот како што е лукот.

–          Носете исклучително гардероба од природен матерјал.

–          Дневно испиете еден литар чај од жалфија, бидејќи тој ефикасно го намалува потењето.

–          Еднаш или повеќе пати неделно направете пријатна купка и во неа додадете една чаша природен јаболков оцет.

–          Избегнувајте конзумирање на претерано ладни или врели пијалоци, бидејќи тие предизвикуваат зголемено потење.

Write A Comment