Motherhood

Убави мисли, за убав живот

За да ја разбере човек вистинската вредност на животот, ќе му требаат години. Всушност, може и цел живот да не му е доволен. Затоа, пријатели, да се послужиме со искуството на другите! Еве неколку мудри мисли, кои ќе ве натераат да размислите за тоа што всушност е највредното и најважното…

“Во самотијата можеш да се изгубиш или да се пронајдеш себе си. Тоа зависи од нашата душа и од тоа како ја прифаќаме, со очај или мудрост”.

Вистинската мерка за еден живот не е колку луѓе слушнале за нашето име, туку дали сме влијаеле врз животот на другите луѓе”.

“Не е важно како ја пресретнуваме смртта, по важно е како го пресретнуваме животот, да го живееме секој нов ден со надеж, храброст и љубов како да ни е последен”.

“Можеби понекогаш е најдобро да си слеп, за да ги гледаш работите такви какви што се, и да не си заслепен од начинот на кој тие изгледаат”.

“Можеби Бог сака да запознаеш неколку несоодветни личности, пред да го сретнеш човекот за тебе, за да бидеш јасно со себе си”.

“Секогаш ќе има луѓе кои ќе те повредат, но, за секој случај, трба да продолжиме да веруваме во луѓето”.

“Основните елементи на среќата се:

Нешто да правиш

Нешто да сакаш

Нешто за што ќе се надеваш”.

“Ако сакаш да се чувствуваш богат, изброи ги сите свои работи кои не се купуваат со пари”.

“Најголемата доблест не тоа никогаш да не паднеш, туку да се исправиш секогаш кога ќе паднеш”.

“Човек треба да биде доволно голем за да си ги признае грешките, доволно умен за да научи од нив и доволно силен да ги поправи”.

“Има само две апсолутно трајни нешта што можеме да ги дадеме на децата, според Ходинг. Едното се корени, а другото – крилја”.

“Човек кој ги прави другите среќни, неможе да биде несреќен”.

“Бидете задоволни од она што го имате, додека се борите за она што го сакате”.

“Не е важно дали луѓето фрлаат камења по тебе, најважно е што ти градиш со нив – зидови или мостови”.

Напиши коментар