Art & Crafts

Важни лекции на кои само разделбата може да те научи

Само кога ќе се сетам колку ужасни беа тие моменти… А најтешко беше кога имав големи очекувања и надежи дека овој пат сум ја сретнала големата љубов. Но, сега кога навистина ја сретнав, сватив дека токму тешките делови биле оние кои ми помогнаа да стигнам до тука. Не само поради тоа дека несоодветни партнери се зад мојот грб. Но и поради тоа што токму тие ме научија на 5 многу важни лекции. Еве кои се тие.

КАДЕ Е ГРАНИЦАТА НА КОМПРОМИСИТЕ?

И најважно-вреди ли да ја поминеш? Одговорот е : “ Не”! Јасно и категорично : “Не”!. Бидејќи самиот факт дека ти се наметнува да ја поминеш, јасно зборува дека не си со човекот, кој ќе те направи среќна.

КАДЕ СЕ МОИТЕ ГРЕШКИ

Како и секое нешто во овој живот, така и вештината да си врзан се учи! Секој има свои слабости, но понекогаш тие се премногу нагласени и треба да се работи на нив. Не заради другиот, туку заради тебе самиот. Тоа те прави по зрел и по добар и што е најважно-повеќе Човек.

КОЛКУ НАДВОРЕШНОТО ВЛИЈАНИЕ, ВЛИЈАЕ ВРЗ МИОТЕ ЛИЧНИ ОДНОСИ

Луѓето зборуваат. А има и такви кои зборуваат за да ти наштетат намерно. Затоа, што и да ти кажале, прво побарај мислење од партнерот, и тогаш донеси заклучок.

СЕ ВРТАМ ЛИ ВО МАЃЕПСАН КРУГ

Ние, жените, имаме навика да се фрламе само на еден ист тип мажи, иако секој пат резултатот е солзи и болка. Не сум психолог, не можам да ви дадам научно објаснување за таквото однесување, но можам да ви кажам дека е факт. Значи, по секоја разделба, треба добро да размислите дали се вртите во маѓепсан круг. Затоа што чудо само по себе нема да се случи.

ПЕРЦЕПИРАМ ВИСТИНСКИ, ИЛИ СОГЛЕДУВАМ ПРЕКУ ПРЕДРАСУДИ

“Мажот треба да е …”. “Жената треба да е…”.” На толку години треба веќе да имаш семејство”… и уште безброј “треба” …

Остави ги предрасудите. Искусувај, чувствувај, верувај им на своите инстикти. Само тие ќе те водат по вистинскиот пат. Дури и во Љубовта!

 

 

Напиши коментар