Дестинации

Величенствената Русија

Москва е главен и најголем град на Русија со речиси 12 милиони жители и се наоѓа на бреговите на реката Москва. Во срцето на градот се наоѓа Кремљ кој до 1703 год. беше политички центар на Руската Империја, од 1918 год. центар на Советскиот Сојуз, а од 1991 год. на Руската Федерација. Веднаш до Кремљ се наоѓа Црвениот плоштад со двете најпознати московски градби: црквата Св. Василиј и Мавзолејот на Ленин.

Москва е основана во 1147 год. од страна на кнезот Јуриј Долгоруки, завзема површина од 1.000 км2 и сместена е на седум ридови.

Ви советуваме да го посетите Црвениот плоштад, Тверската улица, театарот Бољшој, Новодевичанскиот манастир, Храмот на Исус Спасителот, Универзитетот Ломоносов, паркот Победа и да уживате во прекрасната приказна за историјата и денешниот живот во овој град. Исто така, ви препорачуваме посета на Тетрјаковската галерија – познатата збирка на уметнички дела од руските сликари од XVII – XIX век и уникатната колекција на руски икони. Московскиот трговец Павле Третјаков во XIX век собрал илјадници слики на руските мајстори и својата колекција ја донирал на градот.

Дочекот на Новата Година е еден од најомилените и највесели празници во Русија. Покрај огнометот, настап на уметници и јавни личности на Црвениот плоштад пред црквата Св. Василиј, Новата Година се пречекува со шампањ и звуците на црквените звона на Кремљ на полноќ. Неизбежниот Дедо Мраз доаѓа со подароци и ги оподредува под традиционално украсената елка.

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

NOVA GODINA U RUSIJI

Write A Comment