← НАЗАД НА БОЗА

Величествен дом во Аргентина

Величествен дом во Аргентина
1031 Читања

Денес ќе ви представиме еден единствен дом со големи отворени простории и високи тавани, кој се наоѓа во Карин, Аргентина.

Домот како отворено пространство и авангарден ентериер, го одредува изгледот на модерното живеалиште.

“Frenso House” има големи прозорци, кои овозможуваат сончевата светлина да влезе. Една од целите на дизајнот на куќата бил максималниот пристап на природната светлина во домот. Во текот на денот светлината влегува дирекно од сите страни во куќата, а во текот на ноќта – куќата емитува светлина и комфорт.

Врската помеѓу катовите е направена од стилски скалила.

Нагласено е чувството на смиреност и хармонија во домот, идеален за одмор и за работа истовремено.

Мебелот од висока класа, висококвалитетните матерјали и иновативните идеи, несомнено водат до создавање на еден прекрасен луксузен дом, во согласност со потребите и желбите на сопствениците.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk