man fashion

Видео: Како едноставно да ја врзете вратоврската и да бидете во чекор со модата?!

Без разлика дали уживате да носите вратоврска или сте принудени поради работата или некој свечен настан, едно е сигурно – со вратоврската треба да знаете да ‘се справите’. Дознајте како се врзуваат јазли кои во моментов владеат во машкиот моден свет.

Заборавете на двојниот windsor јазол! Сакате да бидете облечени според најновите модни правила, време е да научите како во тоа да го вклопите саканиот машки детал – вратоврската.

Ако сакате да бидете во тренд морате да знаете дека следните три начини на врзување на вратоврската  се нешто што дефинитивно морате да почнете да го присвојувате и применувате што поскоро.

Eldredge јазол, Trinity и Cape јазол со сочинуваат егзотичното трио, а ако ја носите вратоврската на еден од овие три начини, ќе се покажете во елегантниот и модерен свет и ќе ја импресионирате секоја дама.

Eldredge јазол

Јазол кој наликува на плетенка, совршено одговара со едноставен аутфит кој со својот изглед ја истакнува токму како што треба.

Trinity јазол

Дали некогаш сте се нашле во ситуација во која некој вели “Wow, одлично врзана вратоврска. Како го направи тоа?”. Ако одговорот е не, заврзете ја вратоврската на овој начин, сигурно ќе добиете најмалку едно прашање или коментар. Научете ја постапката, верувајте, ќе ви се исплати!

Cape јазол

Жените едноставно го обожуваат. Најдобро оди со еднобојни кошули и костуми, а ако се одлучите за него, комплименти ќе пристигнуваат од сите страни.

 

Напиши коментар