Motherhood

Вистината за љубовта и среќата

Една од најголемите заблуди на нас, представниците на човечкиот род, е потрагата. И тоа не потрагата на што и да е, туку на среќата и љубовта.

Сепак ги бараме и уште полошо – ги чекаме. Но… Ќе ви кажеме каква е вистината за љубовта и среќата!

Тие ниту се бараат, ниту се чекаат, тие се наоѓаат. “Но како?” – Сигурно се прашувате? Преку нивното осознавање. И со разбирање дека тие не се некаде околу нас, туку внатре во нас.

Кога ќе сватиш, дека ти избираш дали да бидеш среќен и да гледаш од позитивната страна на нештата, тогаш среќата сама доаѓа кај тебе.

Кога ќе сватиш дека љубовта на другите започнува од љубовта кон себе и минува низ љубовта кон другите, тогаш Љубовта сама доаѓа кај тебе.

Да, така е. Доколку не сме погледнале длабоко во себе, нема како да видиме надвор од нас и да најдеме што и да е. Затоа треба да дозволиме важните нешта за нас самите да ни се најдат.

Ете затоа треба да оставиме љубовта да никне внатре во нас и потоа да ја делиме. Бидејќи кога демонстрираме сила, другите не не сакаат, тие се плашат од нас. Бидејќи кога ќе покажеме власт, другите не не сакаат, тие ни завидуваат…

Да, за да ја сретнеш вистинската љубов, мора да ја носиш во себе. Така ќе ја сретнеш и вистинската среќа.

Write A Comment