Motherhood

Вистинска приказна која треба да ја прочитате: Таткото признал што мислел кога дознал дека ќе добие ќерка со Даунов синдром,но…

Таткото во брутално искреното интервју открил како ја засакал ќеркичката со Даунов синдром, иако се обидувал да ја убеди својата сопруга да абортира.

Господинот Вајт од Тексас изјавил дека неговата 5 годишна ќерка – едно од трите деца – сега е светлина во мракот и инспирација за неговото семејство. Но вака сентиментален не бил и пред 6 години кога дознал дека неговата сопруга Џенифер носи дете со Даунов синдром, што е сосема спротивно од неговата слика за идеално семејство.

Тој објаснува дека од секогаш се стремел кон идеал – играл за спортските тимови на факултет, бил одличен ученик, правниот факултет бил исполнување на неговиот сон…, а девојчето било сметано како уништување на сето тоа.

“Бев слаб. Мојата главна преокупација беше што ќе мислат луѓето за мене. Веста дека ќе имате дете со Даунов синдром е како да сте доживеале смрт, тоа е она што го чувствував. Кога добив “расипано“ дете.“

Низ каква внатрешна борба поминувал зборува и фактот дека направил се што можел за да ја убеди Џенифер да абортира. Иако признава дека никогаш не бил насилен кон неа, таа вели дека не ја подржал во нејзината одлука дека покрај се сака и ќе го роди детето.

Го опишала својот сопствен немир поради тоа што љубовта на нејзиниот живот не го сакал детето, што таа толку многу си го сакала. И јасно му ставила на знаење да избере помеѓу бебето и животот без неа.

Девојчето е родено 2007 година, придружувајќи и се на својата постара сестра. И додека на сликите е со насмевка на лицето, Вајт признава дека не чувствувал никаква поврзаност со ќерката.

За среќа, само неколку месеци подоцна, сватил дека малечката не се разликува од другите деца, објаснувајќи го моментот кој бил пресвртница.

“Ја држев во раце и ја скокоткав, а таа се кикотеше и се обидуваше да се ослободи…Нејзиното смеење и начинот на кој се однесуваше додека беше со мене…тогаш сватив дека таа е баш како и секое друго дете – таа е мое дете!“

Сега, вели, сака на целиот свет да покаже колку е горд нејзиниот татко…

Напиши коментар