ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 јајца
* 1 чаша кисело млеко
* 1 чаша масло
* 2 чаши брашно
* 3 јаболка
* 1 прашок за пециво
* 1 ванила
* 0,5 лажиче цимет
* 1 лажиче сода бикарбона
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги одвојуваме жолчките од белките – белките ги матиме, а кон жолчките го додаваме шеќерот и ванилата, ги додаваме маслото и киселото млеко, кон кои сме ја додале сода бикарбоната.
- Ги додаваме циметот, белките и брашното измешано со прашокот за пециво. Мешаме.
- Јаболката ги лупиме и ги сечеме на ситни коцки.
- Ја ставаме смесата во форма за торта, ги додаваме јаболката и по желба, посипуваме со кристален шеќер.
- Печеме на 220 степени, околу 35-40 минути.
1 Коментар
kolku seker treba za kolacot Domasen kolac so jabolka .