Потребни состојки:
– 2 лажици путер
– 2/3 шољички исецкан кромид
– 1/3 шољички ситно сецкан морков
– 2 шољички пилешка супа
– 400гр броколи
– 2 лажици брашно
– 1 шоља млеко
– 100 грама фета сирење
– Сол, бибер
Подготовка:
– На путер пропржете ги кромидот и морковите на средна температура околу пет-шест минути или додека не омекнат. Додадете една шоља пилешка супа и оставете да зоврие.
– Додадете ги цветовите од броколи, варете во покриен сад пет минути или додека броколите не омекнат, па иситнете ги со вилушка. Додадете ја преостанатата пилешка супа и намалете го оганот.
– Брашното измешајте го со млеко во глатка смеса, па постепено, со постојано мешање, додавајте го во супата. Додадете малку лук, сол и бибер и варете 5-6 минути на умерен оган додека супата не се згусне.
– На крајот постепено додадете фета, со постојано мешање и варете на на оган 10 минути се додека супата не стане кремаста и глатка. Доколку супата ви е прегуста, можете да додадете малку вода.
