ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр моркови
* 200гр компири
* 1 главица кромид
* 30гр путер
* 50гр топено сирење
* 150мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги чистиме и ги сечеме морковите на тркалца, кромидот го сецкаме ситно.
- Ги лупиме и ги сечеме компирите.
- Во тенџере го загреваме путерот и го ставаме сецканиот кромид, компирите и морковите. Ги затвораме со капакот, додека да омекнат (околу 5 минути), по што кон нив го додаваме млекото и малку вода, колку да ги покрие морковите.
- Додаваме сол и по желба црн пипер. Вариме додека морковите сосема не омекнат.
- Откако ќе се сварат, го додаваме топеното сирење.
- Супата ја ставаме во блендер. Ако е премногу густа може да додадеме млеко до добивање на саканата конзистентност.
- Супата може да ја сервираме со крцкави крутони, со павлака или натрошено сирење. По желба може да ставите и малку рендан кашкавал.
