Потребни состојки:
- 1 пакување чоколадни трошки
- 200 гр. Маргарин
- 200 грама шеќер
- 500 мл. слатка павлака или хопла
- 3 јајца
- ¼ лажичка сол
- 2 лажици нескафе
- 1 пакување шлаг
- 2 лажици шеќер во прав
- 50 мл. ликер од кафе
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 2 пакувања ванилин шеќер
- 1 лажица цимет
Припрема:
Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Со марганир добро намрсете го калапот за печење торти.
Со миксер изматете ги чоколадните трошки, 2 лажици шеќер, маргаринот и циметот. Откако смесата ќе се соедини, ставете ја во калапот за печење и распоредете ја за да биде рамномерна.
Во посебен сад ставете ја слатката павлака. Матете со миксер и постепено додавајте го преостанатиот шеќер. Потоа додајте ги јајцата, едно по едно и матете се додека смесата не се соедини.
Растопете го чоколадото на пареа и додајте му 2 лажици шлаг и 2 лажици шеќер во прав. Потоа вака приготвеното чоколадо додајте го во смесата со слатка павлака и промешајте. Потоа додајте ја солта, нескафето, ликерот од чоколадо и ванилиниот шеќер. Откако ќе се соедини, пресипете ја смесата врз претходната смеса која ја ставивте во калапот.
Калапот ставете го во претходно загреаната рерна и печете околу 45 минути на температура од 180 степени. Внимавајте да не ја препечете. Откако ќе се испече, оставете ја тортата да се излади еден час, а потоа ставете ја во фрижидер и оставете ја да отстои најмалку 12 часа.
За да ја украсите тортата, може да ја премачкате со растопено чоколадо или шлаг на кој ќе ставите цели зрна кафе. Добар апетит!