ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 350гр брашно
* 150гр шеќер
* 10гр прашок за пециво
*0,5 лажиче сол
* 4 јајца
* 250гр млеко
* 80гр масло
* 35гр мак
* 1 кора од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги мешаме добро сувите состојки. Правиме дупче на средина и го оставаме на страна.
- Во друг сад ги матиме јајцата со маслото и млекото. Ги додаваме врз сувите состојки и мешаме. Ја додаваме и изренданата кора од лимон. Мешаме повторно неколку пати и ја полниме смесата во формички за мафини.
- Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
