ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* сол по вкус
* бибер по вкус
* 1 чаша вода
* 6 лажици масло
* 1 врска магдонос
* 1 домат
* 5 јајца
* 450гр сирење
* 10 пиперки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измијте ги и исчистете ги пиперките од семките.
- Во посебен сад изматете ги јајцата, додадете го ренданото сирење, доматот исечен на коцки, магдоносот, бибер и сол по вкус. Наполнете ги пиперките со смесата.
- Приготвените пиперки, наредете ги во тава. Полиете ги со маслото и додадете една чаша вода.
- Ставете ги во рерна и печете околу 50 минути на 180 степени.