Изгледа дека Марија Шарапова му носи среќа на Григор Димитров, пишува “Дејли мејл”.
По победата над Новак Ѓоковиќ на турнирот во Мадрид 21-годишниот бугарин и 26-годишната руска тенисерка беа пресретнати на романтична вечерна прошетка по улиците шпанската престолнина.
Тие се држеле за раце и страсно се бакнувале, без да кријат. Тие двајца досега ја немаат официјално потврдено нивната врска.
По победата над Ѓоковиќ, Димитров му се заблагодари на семејството, како и на својата девојка која предходната вечер му кажала нешто што тој цел живот ќе го памети. Григор сепак не го откри името на девојката.


