Сношти на гламурозна церемонија во Беверли Хилс беа врачени престижните награди „Златен глобус“.
Филмот на Бен Афлек „Арго“ спечали златна статуетка за најдобра драма. Од сцената Бен Афлек се заблагодари на својата сопруга Џенифер Гарнер споделувајќи дека имено таа е причината за неговиот успех.
Квентин Тарантино изјави дека е изненаден, но пријатно поради добиениот златен глобус за сценариото на филмот „Џанго без окови“.
Адел ја освои статуетката за песната во филмот за агент 007 – Скајфол. Адел го бакна златниот глобус и се заблагодари на својот прекрасен син.
Интересен момент од церемонијата беше говорот на Џуди Фостер. Актерката се качи на сцената за да ја прими наградата за целосен принос и ја искористи приликата за да потврди официјано дека е геј и дека веќе е сама.
Еве како изгледаа ѕвездите кои присуствуваа на церемонијата: