Art & Crafts

Во овој пијалок се крие тајната на младоста

Тајната на младоста нема да ја најдете во скапите креми туку во природните намирници кои не само што се нанесуваат надворешно туку и се конзумираат под формата на пијалоци. Ви претставуваме рецепт за еден таков чудотворен сок кој го чува здравјето, ја подмладува кожата и помага при регулирање на телесната тежина.

За чудотворниот пијалок кој на вашата кожа ќе и подари еластичност и ќе ја затегне, потребни се краставица, целер и органски зелен чај.

Ефектите на краставицата се добро познати, а се препишуваат на кафеинската киселина и витаминот Ц, додека силициевата киселина е уште една компонента на краставиците мошне важна за одржување на сврзното ткиво.

Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со вода природно ја навлажнува и и дава здрав сјај.

Целокупниот Б комплекс од целерот го одржува тонусот на кожата, додека неговата главна компонента кумарин го спречува штетното влијание на слободните радикали.

Третата состојка е неизбежниот зелен чај чија висока концентрација на антиоксиданси вклучувајќи ги Е и Ц витамините, го успорува процесот на стареење.

Состојки за фејс – лифтинг пијалок:

2 излупени свежи краставици

4 стебла целер

2 филџани органски зелен чај

Ставете ги во блендер трите состојки и добро измиксајте, по потреба додадете малку вода ако смесата е прегуста. Пијалокот се конзумира наутро на гладно, секој ден, веднаш откако ќе го направите.

Write A Comment