Motherhood

Во потрага по среќата

Едно прашање. Има ли целосна среќа?

Сигурно ќе се изнасмеете и ќе заклучите дека на овој свет нема ништо совршено. Но зарем токму тоа не го прави светот совршен?!

Цел живот ја бараме среќата, но што всушност бараме? Среќата е највисоката наша цел. Тоа е комплекс од нашите сопствени перцепции, мисли, чувства, соништа, амбиции… таа живее различен живот во секој од нас. Затоа што подлега на нашата суштина.

А колку од нас сваќаат дека среќата всушност не се следи. Таа е внатре во нас.

Кога ти си ти, кога ќе осознаеш, дека најголемата моќ е тоа што ја поседуваш власта да бидеш ти, кога ќе разбереш ,дека никој и ништо од светот кој те окружува не ти е должен, кога ќе престанеш да живееш со очекувања, и го правиш она што го сакаш без корист, кога ќе научиш да се сакаш и почитуваш себе… Тогаш ќе ја почувствуваш среќата!

Тогаш ќе бидеш таму, каде што треба, меѓу оние кои треба. Тогаш ќе бидеш сакан, почитуван, ќе ги оценуваш грешките како лекции и нема да бидеш подвластен на лошите влијаниа околу себе.

Понекогаш може да си мртов, додека живееш. Живеј, ослободи се и биди ТИ!

Среќата не е некаде околу тебе, пред се таа е внатре во тебе- Почувствувај ја!

Напиши коментар