Во текот на обдукцијата, во телото на кралот на музиката бил пронајден имплант кој се вградува кај зависниците од хероин и морфијум. Блокаторот работи ткака што ги блокира рецепторите за уживање во мозокот па користењето на дрога или лек наменети за уживање станува бесмислено.
Импланотот во телото на Џексон е пронајден во текот на обдукцијата, а за него се дозна дури сега, од извештаите кои ги објави судот.
Семејството на Мајкл се противело за користење на доказите за имплантот во случајот против Конрад Мареј, лекарот кој е обвинет за смртта на Мајкл Џексон.
