Џенифер Лопез и Каспер Смарт се на пат да се разделат, бидејќи ја изгубиле искрата на врската. Пејачката размислува да се раздели од својот партнер по две годишна врска, бидејќи возбудата меѓу двајцата веќе ја немало.

“Џенифер го чува приватниот живот, но веќе неколку пати навести дека работите со Каспер не одат. Тешко и е да го игнорира она што доста долго време тлее во нејзината глава, имено, дека тоа со Каспер нема да биде вечно. А сега и нејзиното срце почнува да го вели истото”, објаснува анонимен пријател на пејачката.

Според него таа го извлекла најубавото од нивниот однос, но среќата започнува да се претвора во тага.

Џенифер и нејзиниот 25-годишен партнер веќе еден месец не биле забележани заедно, а ги откажале и своите заеднички настапи.

