Motherhood

Вториот брак секогаш е поуспешен…за жените!

Вториот брак секогаш е посреќен и поуспешен за жените. Ова го тврди новото проучување направено од страна на американски специјалисти за оваа проблематика. Тие утврдиле дека дамите чии први бракови биле неуспешни, стануваат поискусни и попаметни, ги сваќаат своите грешки и стануваат многу повнимателни и попретпазливи при изборот на следен партнер.

Разведените потомци на Ева посветуваат многу време за да го запознаат и проценат следниот вереник и како последица на тоа многу помалку допуштаат грешки. Самите тие споделуваат дека после горчливото искуство веќе не реагираат толку емоционално како претходно. Освен тоа ги преосмислиле сопствените приоритети во животот и одлично знаат каде згрешиле и што им треба.

Од друга страна господата претпочитаат смирени жени кои се склони да прават компромиси.

Така е дами, животот секогаш ни нуди шанси да ги поправиме грешките! Само се прашуваме зошто оваа статистика се однесува само за понежниот пол? Можеби мажите не се опаметуваат или за нив не постои нешто такво што би се нарекло среќен брак?!

Напиши коментар