W South Beach Hotel – прекрасна оаза на плажа со неверојатен поглед на Атлантскиот океан…
Првиот W хотел во Мајами е прекрасна оаза и комбинација на современ дизајн и комфор со органски архитектонски елементи. Овој луксузен хотел е во исто време сензуален и отмен.
Поседува 408 исклучително опремени едноспратни и двоспратни апартмани со поглед на океанoт. Исто така постојат и прекрасни бунгалови на плажа. Спалните соби се во прекрасни бели и тиркизни тонови, совршено комбинирани како би овозможиле опуштена и спокојна атмосвера.
Во склоп на W South Beach Miami хотелот се наоѓаат и три елегантни бара, потоа базени, терени за кошарка и тенис, раскошна градина, фитнес и спа центар.














