Motherhood

За цената на љубовта

Доцна навечер. Сама сум. Сама сум во едно од кафулињата. Чекам да се видам со една од најдобрите пријателки. Таа секогаш ме слуша со неверојатно трпение и интерес, кога одлучувам да ги излијам врз неа сите насобрани емоции од невозвратените чувства. Но. Таа доцни. И овој пат доцни…

Го земам првото паднато списание и почнувам да читам. Чиатм, читам. Читам… Едеан натпис ме проголта. На крајот едноставно го дигам погледот и си велам: “Судбината е чудо”.

Ме голтана историјата на две жени – колку обични, толку и необични. Едноставно затоа што нема две исти личности, но пак секогаш се наоѓаат допирни точки меѓу некои луѓе.

Историјата ли? Банална – за љубовта. За љубовта низ очите на две жени. Две многу блиски пријателки.

Марчела е пеколно убава, образована, нежна, горда… Изгледа толку совршено што мажите се плашат да и се доближат. А околу неа секогаш лебдат многу мажи.

Марија е… Па, нема грда жена, но… Не се фаќа за око на мажот од првиот миг, но пак влегува многу прецизно во неговото срце, а нејзиното, впрочем, е болно.

Што можат да раскажат двете за љубовта?

Марчела има зад себе еден 30-годишен брак. Завршил со развод. Таа се омажила за убав, забавен, маж што симнува ѕвезди. Ооо, тој знае како се живее животот, знае како се градат песочни замоци и како се трошат пари за забава. А таа знае што е да немаш пари да платиш струја. Но е толерантна, чекала, голтала и секогаш верувала дека еден ден ќе биде ценета. Е… Не била ценета. Убавото е дека го сваќа тоа, па макар и по 30 години.

Марија има зад себе 3 брака. Првиот со 15 години помлад маж кој ја носи во Африка. Следува развод, а бившиот заминува во САД. Се омажила по втор пат. За кралот на земјата во која се наоѓа. Се разделува и со него. Третиот сопруг е професор, кој ја напушта својата убава жена, лудо вљубен во Марија. “Го добив, бидејќи го правев да се чувствува голем”. Тоа е – вели таа. Незначајната Марија има и многу љубовници. Еден од нив се самоубива, бидејќи не може да ја преживее разделбата со неа.

Како гледаат двете на крајот на една врска?

“Преживеаниот миг останува засекогаш. Можете да ги измените вашите спомени така, да станат убави” – вели Марчела.

“Крајот на една врска е почеток на нова” – вели Марија. Марија вели и други работи…

“Убавата жена не разбира дека љубовта се создава. Не ја разбира филозофијата на посветеност. Најубавата жена не е најубавата жена. Убавицата ја чека среќата на готово, а грдата се труди да ја добие”.

Па, јас сум од оние жени, околу кои секогаш има купишта мажи. И сеуште не можам да кажам дека некогаш сум се заљубила. Вистински. Но пак разбирам. Разбирам дека прво треба да се вљубам во себе си.

Кога се сакаш себе, нема значење дали си со карактер на принцеза или вештица. Нема ништо лошо во тоа да сакаш прво да добиеш љубов. Бидејќи кога ќе ти ја дадат, ќе можеш да ја “полеваш” и да ја натераш да порасне.

Секој има право на избор. Јас можеби и да имам допирни точки со Марчела, но ја избирам филозофијата на Марија.

И како што вели таа за финале: “Најважно е да се љубите себе во љубовта. Убијте го мажот со нежност. Земете му го умот со фантазија. Бидете поинаква. Ние ги раѓаме мажите, тие се наши деца”.

Write A Comment