Овој секси хотел се наоѓа во Англија и претставува симбиоза помеѓу луксузот и новиот еко тренд како и неверојатен ентериер.
Самата зграда е изработена со доста дрвени елементи, а сите тие се или од рециклирано дрво или од дрва одобрени за сечење.
Хотелот е лоциран на мала височинка над блиската плажа и има прекрасен поглед кон морето. Заобиколен е од бујна вегетација што прави да имате супер поглед без разлика во кој апартман сте сместени.
Идеална дестинација за вљубените…