← НАЗАД НА БОЗА

За прекрасно чуство на свежина во вашиот дом: Направете сами освежувач за воздух

За прекрасно чуство на свежина во вашиот дом: Направете сами освежувач за воздух
862 Читања

Зима е, и сите се затвараме во своите домови. Пролетта на жалост е далеку,но сепак постои начин како да ги измамиме нашите сетила и да го освежиме просторот во нашите домови.

Исецкајте еден лимон,неколку гранчиња  рузмарин и 1 до 2 лажички екстрат од ванила. Во сад ставете еден литар вода, ставете го на оган и додадете ги сите состојки. Температурата намалете ја и оствете ја смесата да врие. Просторијата многу брзо ќе замириса, а мирисот ќе трае многу долго. Ова претставува фантастичен начин како да ја освежите просторијатa, особено доколку имате шпорет на дрва. Доколку смесата испарува, додавајте вода. Смесата може да ја користите 2 дена.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk