Здраво тело

За што дефинитивно не треба да се нервирате

Многу работи секојдневно беспотребно не загрижуваат, па така го нарушуваме и квалитетот на животот, но и нашето здравје.

Не тајна дека премногу стрес во животот е исклучително штетно. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес  предизвикува многубројни опасни заболувања и води кон рана смрт. Мнозинството од луѓето тоа го знае, но сепак не можат да престанат да се нервираат за одредени работи. Мудрите луѓе ширум светот ќе се сложат дека околу следниве ситуации и случувања навистина не вреди да се нервираме.

–          Што другите мислат за вас, навистина не е важно.

–          Нереални и пренатрупани распореди не се обавезни.

–          Изгледот е минлив.

–          Прекинувањето на врската не е работа поради која се умира.

–          Животот на другите луѓе не е наша работа.

–          Трачевите им наштетуваат само на оние луѓе кој ги зборуваат.

–          Чистењето на станот или куќата е работа за цел живот, па не е важно дали ќе исчистите денаска или утре.

–          Иднината допрва треба да дојде.

–          Неспособниот шеф навистина не е вреден за вашето здравје.

–          Негативните луѓе околу вас едноставно исклучете ги од вашиот живот.

–          Парите ќе дојдат и ќе си заминат, тие не треба да бидат основа на вашиот живот.

–          Гужвата во сообраќајот не е нешто што самите можете да го решите.

Напиши коментар