Motherhood

За што најмногу жалат луѓето на крајот на животот?

Денес дознав дека некој посебен за мене е болен од рак. Чудно е дека не се потресов на начинот на кој се очекуваше. Можеби затоа што тој човек пристапи со многу позитивизам и верба дека ќе проживее месеци или дури години, кои му остануваат на најдобар можен начин. Оваа вест сепак ме натера да размислам за животот…

Мислиме дека го имаме сето време на светот, но всушност немаме ни најмала идеја што не чека утре. И жално е да се наметнува животот да ни удри шамар, за да сватиме дека тој ни е даден за да го изживееме целосно.

Случајно или не, откако ја сватив веста наидов на зборовите на поранешна вработена во болницата, која составила листа со работите за кои луѓето најмногу жалат кога се на прагот на смртта. За време на работата, таа често била до тешко болните во нивните последни мигови од животот.

Некој и рекол дека всушност во повеќето случаи човек не жали толку за своите грешки, туку за тоа дека  дозволил да ги направи. Ајде да ги погледнеме останатите и тие нека не потсетат дека никогш не треба да престанеме да живееме. Тука и сега!

“Жал ми е што немав храброст да го проживеам својот живот онака како што јас самиот сакав, туку живовтот што другите го очекуваа од мене”.

“Жал ми е што работев премногу и дека во името на благосостојбата, голем дел од својот живот посветив на еднообразна и монотона работа”.

“Жал ми е што немав доволно храброст да ги изразам своите чувства”.

“Жал ми е што не ја зачував врската со своите пријатели”.

“Жал ми е што не си дозволив себе си да бидам посреќен”.

Живејте и бидете среќни со секој изживеан миг! Тоа зависи само и единствено од вас.

Write A Comment