Убавина

За убава коса-користете морска сол

Сакате да имате здрава и убава коса? Наместо да давате пари за козметички производи потпрете се на природната сила на морската сол, која помага при сува, кршлива и оштетена коса.

Морската сол може да ги избави жените од сите проблеми со непослушната коса. Солта е доста едноставен и ефикасен начин за опоравување на косата после зимскиот период.

Додавањето на морската сол во грижата за косата гарантира чудотворен ефект. Детоксикацијата истовремено ги одстранува мртвите клетки од скалпот и ефикасно ги чисти сите остатоци и траги упиени во влакното од препаратите како што се гел, лак, пена и сл. Начинот на користење е многу едноставен-втријте ја морската сол во кожата на главата, оставете да делува 5 минути и потоа измијте ја обилно.  Нема потреба повторно да ја миете косата со шампон.

Напиши коментар