Мојата кујна

Захер ролат

Захер ролат

Состојки

За тестотo:

-4 јајца

50гр шекер

3 лажици брашно

3 лажици густин

2 лажици какао во прав

За филот:

250гр мармалад од кајсии

100мл изматен шлаг

50гр путер

150гр чоколадо за готвење

75гр шеќер

40гр густа павлака за готвење

Припрема:

  1. Рерната загреете ја на 200 степени. Одвоете ги белките од жолчките па белките изматете ги со 25гр шеќер. Измешајте ги брашното, густинот и какаото, и ставете ги врз снегот од белките. Пенасто изматете ги жолчките со остатокот од шеќерот. Измешајте све со лажица(не матете со миксер).
  2. Тестото ставете го во плех обложен со хартија за печење, печете околу 10 минути. Ставете го мармаладот да проврие. Тестото извадете го од рерна и ставете го на крпа обложена со шеќер во прав.
  3. Извадете ја хартијата за печење, тестото премачкајте го со топлиот мармалад. Со помош на крпата завиткајте го тестото во ролат и отавете го да се олади.
  4. Ставете ја павлаката да проврие. Путерот и чоколадото иситнете ги и ставете ги во павлаката да се растопат, потоа ставете ги настрана да се оладат.
  5. Ставете 50 мл вода со 75гр шеќер да проврие, најпрво измешајте ја павлаката за готвење, а потоа растопеното чоколадо со павлаката. Оставете маку да се олади, а потоа рамномерно премачкајте го ролатот. Украсете го по желба.

Напиши коментар