Motherhood

Заштитете го детето од алергии! Купете му маче!

Тие се мали, слатки, рунтави и не само што ќе ги направат вашите деца ужасно среќни, но и ќе ги заштитат од евентуални алергии. Да, науката докажа дека луѓето кои како мали имале маче во домот многу поретко страдаат од алергии.

За разлика од оние кои веќе како возрасни решаваат да чуваат милениче маче, при првата група луѓе кои од мали израснале со мачка веројатноста да развијат алергиска реакција пропратена со кивање и отежнато дишење е многу помала.

До овие резултати стигнале експерти од универзитетот во Верона кои направиле 9 годишен експеримент во кој учествувале 6 илјади доброволци.

На учесниците им биле направени крвни анализи за да се утврди евентуална алергија од мачки. После 9 години анализите биле повторени и станало јасно дека некои од луѓето кои немале алергија ја развиле подоцна. Се покажало дека кај голем процент од испитаниците кои решиле да чуваат мачка за прв пат како возрасни се појавуваат карактеристичните симптоми на алергија.

Оние пак кои уште како мали имале мачка во својот дом биле изложени на минимален ризик од евентуално појавување на симптомите на алергија.

Затоа мајки и татковци, не размислувајте премногу, туку израдувајте ги своите малечки со еден рунтав и сладок миленик. А треба да знаете и тоа дека мачките ја неутрализираат негативната енергија во домот!

1 Коментар

Напиши коментар