Здраво тело

Здравствени и Beauty својства на лавандата

Мирисната билка која ги краси многубројните тераси и балкони има и друга историја. Но, нејзиното благотворно дејство не е само нејзиниот мирис. Лавандата делува на вашето тело, ум и убавина.

–          Првут

Маслото од  лаванда делува смирувачки на темето, и може да ви помогне да се ослободите од првутот. Помешајте 15 капки етерично масло од  лаванда и две лажици маслиново или бадемово масло. Смесата малку згрејте ја и ставете ја на темето. Ставете кеса на главата и оставете да одстои еден час. Измијте ја косата со шампон. Резултатите ќе бидат видливи по неколку третмани.

–          Подуеност

Лавандата содржи антиоксиданс полифенол кој ги одстранува бактериите и ја намалува подуеноста. Во јогурт или во пробиотик додадете сушена лаванда како зачин, за да можете да го решите проблемот со подуеноста.

–          Нервоза

Кога сте под стрес, помирисајте лаванда. Можно е да почувствувате блага вртоглавица, но стручњаците тврдат дека е тоа сосема нормално. Лавандата го успорува пулсот ,го намалува крвниот притисок и го смирува умот и телото.

–          Иритација на кожата

Лавандата го смирува чешањето, отоците и црвенилото.

–          Стрии

Лавандата ја прави кожата мека и еластична. Направете препарат од етерично масло од лаванда и камилица. Смесата нанесувајте ја секој ден на влажна кожа.

Напиши коментар