Здраво тело

Зелката – ефикасен универзален лек

Зелката, освен што е вкусен зеленчук богат со витамини, таа е универзален лек кој помага во лекувањето на многу болести.

Кашлица: Сируп од црвена зелка помага за смирување на кашлица. Направете сируп со мешање на 1 дл. сок од црвена зелка со 120 гр. шеќер, а смесата ќе ја варите се додека не се згусне.

Мамурлук: Последиците од пијанство може да ги отстраните со две лажици сируп од црвена зелка.

Чир во желудникот: Пијте свежо исцеден сок од зелка секој ден за да се ослободите од чир во желудникот. Правете го тоа се додека не го снема чирот.

Отоци: Секој пат кога ќе имате модринка или оток, држете парче зелка на повреденото место.

Анемија: Зелката е богата со минерали, витамини и хлорофил, па се препорачува за луѓе кои се анемични. Доколку имате проблеми со крвта, секој ден пијте две чаши свежо исцеден сок од зелка.

Напиши коментар