Мојата кујна

Желе од јагоди

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500-6—гр јагоди

1л свежо исцеден или од компот сок од јагоди

240гр шеќер во прав

Сок од еден мал лимон

1-2 лажици рум

3-4 кесички желатин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете го желатинот во вода според инструкциите и оставете го да надојде. По потреба исцедете сок од јагоди, за да нема семки, па ставете го во сад на оган заедно со шеќерот во прав. Додадете го свежо исцедениот сок од лимон, румот и конечно желатинот. Мешајте додека не се стопи, но во никој случај не дозволувајте да зоврие. Одстранете го од оганот и оставете да се излади. Во чинија за десерт  распоредете ги исецканите јагоди, ставете им од смесата и оставете ги во фрижидер за да станат цврсти.

 

Write A Comment