Обично, нас жените не сметаат за поемоционален и подраматичен пол. Сепак, излегува, дека кога еден од двата пола треба да се справи со стресна ситуација, мажите не можат да ни се фатат ни на малиот прст!
Ние, девојки, сме многу посилни и поиздржливи! Зошто?
Научниците откриле дека дамите имаат сериозна предност пред господата – естрогенот. Овој хормон има способност да ги запира негативните последици од стресот.
Кога мажите се подложени на психолошки притисок, веројатноста кај нив да се појават проблеми поврзани со концентрацијата, вниманието и донесувањето на одлуки е прилично голема.
Дамите од друга страна сепак многу добро владеат со сите овие важни детали во однесувањето кога се наоѓаат во стресна ситуација. Нешто повеќе – тие се справуваат подобро и со хроничниот стрес.
А штом научниците го кажале ова, со нив не може да се спори. И сепак, девојки, една препорака – не покажувајте многу, многу колку сте беспомоши. Нека нашата женска “слабост” остане еден од нашите најсилни адути пред мажите.
