Motherhood

Жените заслужуваат многу повеќе!

Повеќето мажи сакаат да имаат специјална дарба која ќе им помогне да ги читаат женските мисли и да знаат што се врти во нејзината глава, слично како ликот на Мел Гибсон во филмот „Што сакаат жените“. Да, но не сите мажи имаат ваква среќа и им треба доста време додека разберат што точно сакаат жените и секако да се потрудат околу тоа.

Еве неколку совети за нив, за тоа што навистина е важно за жените:

Тоа што мажите треба да го знаат е дека постојат некои основни правила, на кои мажите е добро да се потчинуваат, ако сакаат дамата до нив да биде среќна.

Сигурноста е најважниот фактор, кој е во списокот на жените и е на прво место. Додека мажите се привлечени од физичкиот изглед, жените од своја срана се импресионираат од самодовербата и сигурноста што ја добиваат од мажот. Секоја дама сака да има до себе човек што ќе ја сослуша, ќе сочувствува со неа и ќе ја штити од злонамерни луѓе. За да е среќна, таа треба да му биде на прво место, пред сите и пред се. И да ја увери дека ќе биде тука секогаш кога ќе и треба!

Чувство за хумор – ова е еден од полесните патишта што водат кон женската душа. Таа сака мажот до неа да ја натера да се смее од срце.  Тој треба да знае кога е потребно да ја развесели и секогаш да го прави тоа. Едноставно, мажот не смее да дозволи неговата жена да биде тажна. Нејзината среќа треба да биде негова. Бидејќи она што ја разликува жената од мажот е нејзината нежност, нејзината кршливост длабоко во неа, без разлика колку силно изгледа таа.

Да знае да слуша – да имаат до себе човек што ќе ги сослуша кога ќе им треба е многу важно за жените и всушност многу малку мажи го умеат тоа за жал, бидејќи можеби не му придаваат важност на ваквиот чин. Но треба да знаат дека тоа е еден од пресудните фактори кога жената ќе го прави својот избор за животен сопатник.

Верност – жените знаат дека мажите имаат навика да се загледуваат по други жени, додека и тие се во близина. Но на нив им е јасно дека ова не е така опасно. Неверството пак е многу честа појава денес, како кај жените така и кај мажите. Сепак, еден од пресудните квалитети, е лојалноста и верноста на партнерот, па затоа добро размислете ако сакате да ја задржите дамата до себе.  Или бидете доволно смел и кажете и во очи, ако веќе сте спремни така безчувствително да ја лажете.  Жената што ти го дала своето срце, не го заслужува тоа!

Напиши коментар