Сладок или горчлив – животот е едноставно прекрасен! И тоа најмногу затоа што не учи на големи работи, кои всушност не се толку големи. Ние собравме неколку од нив, а на вас ви даваме можност да продолжите:
– Кога ќе станеш возрасен забавно е да се однесуваш како дете.
– Љубовта нема никаква врска со изгледот, но затоа пак има многу заедничко со времето, довербата и интересите меѓу луѓето.
– Смеата, плачот, радоста и гневот … Сите овие работи не тераат да се чувствуваме живи, сите не прават луѓе.
– Најголемите работи во животот всушност се кријат во наједноставните нешта, што секој знае, но не секој може да види.
– Алчноста е способна да погуби се, дури и среќата.
– Лошите работи им се случуваат и на добрите луѓе.
– Да пробиеш свој пат те прави паметен, само ако никој не минувал токму од таму, каде што одиш ти.
– Несигурноста се должи на недостатокот на знаење, а чекањето е производ на стравот.
– Времето ги лекува сите рани, без оглед на тоа како се чувствувате во моментов.
– Во повеќето случаи она што го бараме, е токму пред нас.
– Шанста е дар, не смееме да и дозволиме да се извлече, кога е во наши раце.
– Добрината и упорноста може да не однесат подалеку дури и од интелегенцијата.
– Секој заслужува втора шанса, но не и трета.
– Парите го прават животот полесен само ако се заработени по чесен пат.
– Ако еден човек сваќа колку е прекрасен, тој ќе остане прекрасен засекогаш.
